Активисти на организацијата „Гринпис“ се искачија на покривот на куќата на британскиот премиер Риши Сунак во знак на протест против ископувањето нафта и гас во близина на брегот на Шкотска.
Двајца демонстранти користеле скали и јажиња за качување за да стигнат до покривот на куќата на Сунак, каде што развиле транспарент направен од црна ткаенина со кој ја покриле едната страна од објектот, пренесува „Скај Њуз“.
Други двајца развија транспарент на кој пишуваше: „Риши Сунак – профит од нафтата или нашата иднина“.
Сунак претходно најави дека британската Влада ќе издаде десетици нови дозволи за ископување нафта и гас во Северното Море, порачувајќи дека фосилните горива и натаму ќе бидат потребни до преминот кон „нулта емисија“.