Активирана војската поради насилните протести во Минеаполис


Судири меѓу полиција и демонстранти во Минеаполис - МИА

Минеаполис, 29 мај 2020 () – Гувернерот на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење.

Протестите почнаа во средата, а гневните демонстранти ограбувале продавници и уништувале се пред нив.

Градоначалникот Џејкоб Фреј побарал од гувернерот Волц да испрати воени единици.

Гувернерот повика на мир, истакнувајќи дека насилството претставува „исклучително опасна ситуација“ и побара од луѓето да се разотидат.

Протестите избија по смртта на Џорџ Флојд, кој наводно починал од задушување откако полицаец се обидел да го уапси и со коленото му го притиснал вратот.

Канцеларијата на американскиот јавен обвинител и Федералното истражно биро (ФБИ) во Минеаполис соопштија дека спроведуваат кривична истрага за смртта на Флојд.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања - МИА
Вести

Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Атина, 1 јули 2020 () – Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во […]

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица за предвреме почната изборна кампања - МИА
Вести

Право на глас на парламентарните избори на 15 јули ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи

Скопје, 1 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 […]