АИ: Во протестите во Иран најмалку 208 жртви


Во интервенции на иранските безбедносни сили на протестите во земјата, покренати по зголемувањето на цената на горивата, загинаа најмалку 208 лица, се вели во новите податоци на Амнести Интернешнл.

Во изјавата се нагласува  дека „алармантната“ статистика се заснова на „веродостојните извештаи“ што ги добиле, додавајќи дека целокупниот биланс веројатно би бил уште полош.

Амнести тврди дека десетици жртви се пријавени во градот Шахрирар во провинцијата Техеран, но не може да понуди локации за другите делови на државата каде што беа пријавени смртни случаи.

– Масовната употреба на смртоносна сила беше инструмент за задушување на протестите, изјави за Ал Џезира, Раха Бахреини, од АИ за Иран.

– Ескалацијата на употребата на сила е евидентна од информацијата дека демонстрантите биле застрелани одблизу. Врз нив било пукано и од хеликоптери и од покриви на згради, додаде таа.

Иран, кој не даде детали за жртвите, претходно ги отфрли бројките на Амнести.

Демонстрациите во Иран започнаа кон средината на ноември по одлуката на властите да ги зголемат цените на горивата, како дел од мерките за олеснување на санкциите на САД.

Вести

Западна Австралија ја легализира еутаназијата

Парламентот на австралиската сојузна држава Западна Австралија денеска изгласа закон со кој се легализира еутаназијата, доброволно и потпомогнато завршување на животот. Со тоа таа е втора австралиска држава во која е легализирана еутаназијата. Австралиската сојузна […]

Балкан

Грција испрати дописи до ОН и Советот за безбедност за Меморандумот меѓу Турција и Либија

Министерството за надворешни работи на Грција синоќа испрати дописи до Генералниот сектретар на Обединетите нации и до Претседателот на Советот за безбедност во кои се објаснети грчките позиции и правните аргументи поврзани со морското право […]