Африканските лидери пристигнаа во Русија

ramafosa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса денеска пристигна во Русија, еден ден по посетата на Киев.

Предвидено е Рамафоса во Санкт Петербург да се сретне со рускиот колега Владимир Путин, со кој ќе разговара за ситуацијата во Украина.


Рамафоса ја предводи африканската делегација составена од сенегалскиот лидер Маки Сал, претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема, египетскиот премиер Мустафа Мадбули и специјалните пратеници на претседателот на Република Конго и поранешниот премиер на Уганда, Рухакана Ругунда.

Африканските лидери вчера го посетија Киев и разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Рамафоса вчера изјави дека и Путин и Зеленски се согласиле да се сретнат со африкански лидери за да разговараат за потенцијалниот мировен план за решавање на конфликтот.

Тој додаде дека лидерите на Сенегал, Уганда и Египет исто така го поддржуваат мировниот план, додавајќи дека за иницијативата биле информирани и генералниот секретар на ОН, САД и Велика Британија.

Според него, Вашингтон и Лондон изразиле „внимателна“ поддршка за мировниот план.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK