Адвокатот на Трамп: Во лаптопот на синот на Бајден има фотографии од малолетни девојчиња


олем скандал со електронската пошта на синот на поранешниот американски потпретседател и актуелен кандидат за претседател, Џо Бајден избувна откако конзервативниот таблоид „Њујорк пост“ објави ексклузивен извештај со содржината на електронските пораки со бомбастични обвинувања против Бајден јуниор, но и неговиот татко.

Хард дискот со овие непроверени пораки, кои, наводно, доаѓаат од лаптопот што Хантер Бајден го оставил на сервис, но заборавил да го подигне, до „Њујорк пост“ ги доставил адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

DEVELOPING: @RudyGiuliani displays a “very, very sensitive” alleged text message from Hunter Biden, which he claims to have handed over to the Delaware state police. @gregkellyusa https://t.co/VlT7z8drtO pic.twitter.com/nzbzAb9QbF

— Newsmax (@newsmax) October 20, 2020

Покрај обвинувањата за корупција, засновани на толкувањата на преписката на Хантер Бајден со деловни партнери во Украина и Кина, Џулијани сега отиде чекор подалеку, тврдејќи дека на неговиот лаптоп пронашол бројни фотографии од малолетни девојчиња, како и преписка на Хантер и Џо Бајден, каде што синот му се жали на таткото дека неговиот партнерка на нивниот заеднички психијатар му рекла дека тој се однесувал сексуално несоодветно кон 14-годишно девојче.

Џулијани во интервју за конзервативниот портал „Њузмакс“ изјави дека го предал лаптопот на полицијата во Делавер. Јавниот обвинител на таа сојузна држава, од каде потекнува Бајден, изјавил дека полицијата го проследила материјалот до ФБИ и дека има континуирани прашања во врска со веродостојноста на овие тврдења што ФБИ ќе ги испита.

Трамп во меѓувреме побара од јавниот обвинител да ги испита обвинувањата што произлегуваат од електронската пошта со сомнително потекло за потенцијално нелегалните финансиски активности на Хантер Бајден, како и можниот судири на интереси и корупција на неговиот татко Џо Бајден додека тој бил потпретседател на Соединетите држави (2008-2016 година).

Од друга страна, многу американски медиуми и опозициски политичари изразија сомневање дека контроверзните електронски пораки биле хакирани и проследени до Џулијани, како дел од новата кампања за мешање во изборите во САД – исто како во 2016 година, кога американската разузнавачка заедница откри дека руски разузнавачи ја хакирале електронската пошта на претставникот на Демократската партија и шеф на кампањата на Хилари Клинтон, Џон Подеста, а потоа ги проследиле до „Викиликс“, така што нивното излегување во јавноста, заедно со ширењето на дезинформации и теории на заговор на социјалните мрежи, ги одвратило Американците да гласаат за Клинтон.



Вести

Црвенковски го замрзна членство во СДСМ, повика итно да се свика ЦО на партијата

Скопје, 26 ноември 2020 Јавно обраќање на поранешниот Претседател на РМ и основачот и долгогодишен Претседател на СДСМ Бранкo Црвенковски до раководството и членовите на СДСМ Почитувани сопартијци, Во изминативе 7 години се решив да […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 478

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Бизнис и економија

Сопствениците на возила со странски таблички ќе потпишуваат изјава дека возилото е влезено пред 1 октомври

– Сопствениците на возила со странски таблички ќе треба да дадат изјава дека возилото е влезено во земјава пред 1 октомври за последен пат за да платат помали давачки за регистрација. Министерот за економија Крешник […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*