10-годишната Зои го преживеа масакрот во Мејн со мајка си: „Се исплашивме, се загрижив дали ќе преживеам“

10-годишната-Зои-го-преживеа-масакрот-во-Мејн-со-мајка-си.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

10-годишно девојче ја опиша најлошата ноќ во својот живот кога беше цел на вооружен маж од Мејн, кој уби 18 луѓе во страшен масакр.


Меган Хачинсон и нејзината ќерка Зои (10) синоќа уживале во куглана во Левистон, кога вооружениот напаѓач отворил оган околу 19 часот, додека се одржувала детска лига во куглање.

Полицијата објави фотографии од осомничениот за убиствата, воено обучен инструктор за огнено оружје Роберт Кардо (40), кој се уште е во бегство. Стотици полицајци моментално трагаат по него во државата Мејн.

Полицијата во Левистон во објава на Фејсбук потврди дека Кард го планирал пукањето и рече дека треба да се смета за вооружен и опасен. По кугланата, напаѓачот отишол во ресторан оддалечен околу 6,5 километри и продолжил да убива.

Меган рече дека нејзината ќерка Зои била погодена кога одекнале истрелите.

„Таа беше погодена од куршум додека трчавме“, изјави мајката за „ABC“. „Бевме во собата одзади. Дојде уште едно дете, обилно крвареше. Така се забарикадиравме внатре. Во собата со мене беа и други родители. Една жена имаше телефон и повика брза помош“, рекла преплашената мајка.

Малото девојче Зои изјави дека никогаш не помислила дека ќе биде застрелана во ногата.

„Само се прашувам зошто? Зошто луѓето го прават ова? Не знам што да кажам. Луѓето имаат семејства, има и млади луѓе кои го имаат животот пред себе. Ова не треба да се случува. Тоа не е во ред“, вели десетгодишното девојче.

Во интервју за „VMTV“, Меган изјави дека секоја среда навечер оделе во куглана на тренинг за куглање за млади.

„Ние бевме таму како и обично, штотуку го започнаа натпреварот, кога слушнавме силен истрел зад нас. Прво мислевме дека пука балон, но звукот беше прегласен“, рекла таа.

„Не знаев што да правам, се спуштив, но сите побегнаа“, рекла Зои.

Меган продолжи: „Кога се свртев, го видов напаѓачот зад мене, тој штотуку влезе низ вратата. Не знам дали тоа беше предупредувачки истрел или тој навистина застрела некого, но сите само трчавме кон вратата. Влеговме таму и се забарикадиравме“.

Таа рече дека другите луѓе чукале по вратата, но дека таа и другите во собата биле премногу исплашени да ја отворат.

„Тие чукаа по вратата, но ние навистина не сакавме да ја отвориме вратата. Не бевме сигурни кој е. Не можевме да ги идентификуваме“, рече таа. „Но, на крајот, полицијата само дојде до нас и не изнесе на паркингот“, рече таа.

Зои изјави: „Бевме исплашени и тогаш сфатив дека крварам. Имав куршум, но не беше длабок, туку беше гребнатинка. Бев исплашена, но не ме болеше и не знаев што се случува додека не почнав да крвавам. Бев загрижена дали ќе преживеам, дали ќе заминам одовде, дали ќе дојде полиција. Беше шокантно. Тоа е нешто што мислите дека никогаш нема да се случи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK