Златев: Навистина не го разбирам облекувањево како комити


Навистина не го разбирам облекувањево како комити. Велат, следење на традицијата било.
Па Гоце Делчев ако ја следел традицијата, ќе требало да оди во јаничари, затоа што пред појавата на Македонската револуцонерна организација, јаничарството било традиција на македонскиот народ.


 

Наместо да ја следи традицијата на наведнување глава тој одлучил да направи нешто ново, прогресивно. Затоа до ден денес го славиме. Не затоа што се облекувал така и носел мустаќи, туку затоа што одлучил да прави нешто револуционерно спротиставувајќи се на тогашниот систем на отоманската империја.
Комитите кои денес се предмет на имитација, кога живееле биле крајно современи луѓе. Биле луѓе кои најчесто се образувале на запад и ги следеле тогаш современите идеолошки, политички, филозофски па ако сакате и модни трендови.

Ова го пишувам несакајќи никого да навредам или исмеам, но, едноставно сметам дека не постои поголем патриотизам од тоа да се бориш Македонија да се прилагоди на современите светски трендови. Облекувањето на комитска одежда треба да биде фолклорен а не политички чин.