Владо Јовановски: Летото 2013 година, снимав еден филм во Преспанско…


Летото 2013 година, снимав еден филм во Преспанско…


 

Регион со малку сместувачки капацитети, па така нашата бројна филмска екипа, се смести во едно одморалиште, кое беше во сопственост на МВР. Во тоа време во истото одморалиште престојуваше дел од Единицата за специјални задачи, „ЕСЗ Тигар“, кои извршуваа вежби. Во тие неколку недели, запознав прекрасни луѓе од нив.

Луѓе, учесници во минатите војни и настани, луѓе со рани и белези на телата и на душите.
Храбри Човеци, решителни, спремни да ја бранат татковината, спремни да го дадат и животот ако треба, во одбрана на Македонија.

Луѓе со приказна, луѓе со душа, луѓе со судбина, која од која поголема!

Една од тие „приказни“, никако не можам да ја заборавам.

Незнам дали треба да го откријам идентитетот на таа личност, што ми раскажа еден негов настан…

Се плашам, да не ставам сол на раните на неговото семејство.

Рани, кои за жал, никогаш нема да зацелат.

Нејсе…

Ми вели човекот или Човечиштето…

„Се враќам, вели, од боиштето во 2001 година, со автомобилот кон дома, кон своето родно село, во околината на еден град блиску до Скопје. Сам бев во колата. Во еден момент, слушам глас кој ми вели, ЗАСПИ, и во исто време некоја сила ми удри шлаканица. Во тој момент заспав, ама бев свесен за се’. Автомобилот излета од патот и почна да се превртува во провалијата во долот. Кога заврши тркалањето, повторно некоја сила ми удри шлаланица и ми рече, СЕГА РАЗБУДИ СЕ! Колата беше згужвана вели, а мене ни влакно од главата не ми фалеше. Во тој момент, горе на патот застана една кола, и луѓето ги чув кога коментираа… Неее… Нема шанса некој да има преживеано.

Тој човек, Тој херој, тој бранител, по две години од овој муабет, загина во “Диво Насеље“, во Куманово бранејкија Македонија.

ВЕЧНА СЛАВА И ПАМЈАТ!

Долго време по неговото погибие, ме измачуваше една мисла.

Зошто таа невидлива сила, во тој момент го спасила Човекот, кога по две години од тогаш, загина во Куманово, бранејки ја нашата држава?

Долго време се прашував…?

Одговорот ми дојде, кога снимав еден друг филм со име „Лазар“.

Тогаш еден колега ми вели…

Зошто Христос го оживеа три дена починатиот Лазар, кога за кратко време потоа, пак почина?

Тогаш не го знаев одговорот, сега вака мислам…

Христос Бог, го воскресна Лазара, за да ни открие нам неверните и грешните, дека ОН, е и живот и воскресение!

Вечен живот и спасение за загинатите херои на Македонија!

Вечен живот и спасение, на знајните и незнајните…!

Христос воскресе, навистина воскресе!