Владимир Милчин: Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово


Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово.
Морбидно е тоа што раздавањето го прави кога вирусот како црна чума добива на сила и со вртоглавиот раст на бројките ги празни улиците и ја пренасочува загриженоста на граѓаните на прашањето како да се преживее.
Мачно е да се гледа молкот во пратеничката група на СДСМ. Барем еден да му откажеше послушност на прематарот и да го променеше статусот во независен. Мачно е клиентелистичкото едноумие, односно послушноста која потсетува на колишевизмот.