Владимир Милчин: КОЈ ДА ПРОСТИ, ЖРТВАТА ИЛИ КРВНИКОТ?


Ако не сме ги признаеле слабостите на историјата… не ќе сме можеле да градиме заедничка! Тоа ни го порача Заев вчера, а требаше да му го каже на новинарот. Македонија не ја окупирала Бугарија, туку обратно, без оглед на обидот тоа да се прикаже како “администрирање”. Што е слабост на историјата според Заев, тоа што Бугарија окупирала или тоа што окупираните не ја прифаќале окупацијата како администрација па ги зеле пушките? Да, фашизмот/нацизмот не е бугарски изум, но улогата на квислинг бугарската власт ја презела со многу посветеност и без ракавици. Да, во Бугарија и не само во Бугарија имало отпор против режимот и овој одговорил со терор. И дома и на окупираните територии. Вапцаров, Коле Неделковски, Никола Парапунов, Иван Козаре…



А да не мисли Заев на слабости во нашата историографија? Да не треба да се премолчи нешто? За да се поткрепи амнезијата и игноранството?

По 1948 година имало “Железна завеса” меѓу Југославија и Бугарија? А поради што? И поради кого? Сталин наредил, Бугарија спровела, заедно со дргите членки на Информбирото. Тоа е крајот на културната автономија во Пиринска Македонија.

Историјата е учителка на животот, Заев! И затоа не смее да се третира кака потрошен партал.
Наметнатиот, изнудениот заборав не води кон простување.