Васко Наумовски: Коѕијас најмногу се плаши од она што сите го знаеме: ако нема “Европска Македонија” – тешко се оправдува Преспанскиот договор


🟥 Поранешниот грчки министер за надворешни работи Коѕијас ја критикува Бугарија заради нејзините ставови во однос на историјата, јазикот, нацијата, итн. Очаен е обидот да се создаде перцепција дека Коѕијас наводно застанал “на наша страна”. Па, токму грчката надворешна политика, и за време на неговиот мандат, ја застапуваше тезата дека ние сме некаква “титова творба”, “вештачки создадена нација”, и слични понижувачки напади. Ова беше и официјален став на МНР на Коѕијас, објавен на нивната интернет страница (фото подолу).
🟥 Не застанува Коѕијас на наша страна, туку свесен е дека со губењето на перспективата за членство во ЕУ, се губи и смислата на сите отстапки направени во Договорот од Преспа. Неслучајно кампањата за референдумот за прифаќање на тој договор се водеше под мотото “За Европска Македонија”, убедувајќи ги граѓаните дека името се менува за да станеме членки на ЕУ. Коѕијас најмногу се плаши од она што сите го знаеме: ако нема “Европска Македонија” – тешко се оправдува Преспанскиот договор.
No photo description available.