Тони Михајловски: На крајот на краиштата тој не сакаше само мене да ми ја сече главата…


Да ме осудија. И да, му се извинив. Згрешив. Влегов во расправија во која не требаше.

На крајот на краиштата тој не сакаше само мене да ми ја сече главата, не ми ја навредуваше само мене татковината, и не ги нарече само моите деца ретардирани затоа што се производ од брак на вмровец и вмровка. (морам да напоменам дека првата е симпатизер на другите).

Ме осудија, три месеци затвор, или една година условно. Што би одбрале вие храбри јуначишта?:)..знам, знам, вие би лежеле..у ладовинка.

Ѓеровски Бранко го најави ова одамна, па дури среќата на насловна ја сподели дека “премиерно ќе го крка Тони Шанац”, а еве и Алапалчо другар му веќе се радува со пријателите, а некои од нив ни се дури и “заеднички”. Поточно ни беа заеднички 🙂.

Алапалчо ова го нарекува театар. Ти посакувам и тебе вака да те кастираат.
Оваа тужба беше од ЗНМ. Здружение на новинари на Македонија. Така се штити колега и тоа е за почит. Човекот може навистина да се гордее со своите колеги. Не верувам дека сите се сакаат меѓу нив, но барем се сложни.

Уште еднаш јавно му се извинувам на оштетениот, па еве нека биде протолкувано и како кукавички чин.
п.с. можеби ронка храброст ќе ми се додаде што не реков дека сум државјанин на нивната земја..можеби..

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]