Тодор Петров: ШТО МОЖЕ(ШЕ) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

 

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Претседателот ја претставува Републиката дома и во светот.

Претседателот можеше веднаш после 17 јуни 2018, после 30 септември 2018, после 11 јануари 2019 или било кога досега, да го извести со писмена нота генералниот секретар и земјите членки на Обединетите Нации, дека Спогодбата Димитров-Коѕиас е ништовна, бидејќи не е ратификувана во согласност со Уставот и поради тоа не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија, дека е во спротивност на домашното и меѓународното право.

Истовремено, претседателот на Републиката можеше било кога досега да достави предлог-Резолуција до Генералното собрание за продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија.

Не може, ем честито членство во НАТО, ем јас сум против Северна…

Нотата до генералниот секретар и земјите членки на Обединетите Нации за ништовност на Спогодбата Димитров-Коѕиас и предлог-Резолуцијата до Генералното собрание на ОН, претседателот на Републиката може да ги достави и отсега било кога. Но, за тоа треба волја…

Ако ова не го стори Ѓорге Иванов до крајот на мандатот, потешко друг по него да го надомести пропуштеното, знаејќи ги кандидатите и нивните досегашни изјави по ова прашање. Ако нешто не се промени…

За ова дереџе во кое денес се наоѓаат и државата и нацијата со името и идентитетот, виновни се лидерствата и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. За жал, тие се убедени во промената на името. Другото е глума.

Сојузник на Македонскиот народ против власта е одлуката на референдумот од 8 септември 1991, кога 2/3 од вкупниот беој запишани избирачи гласаа “За суверена и самостојна држава Македонија”, без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна!

Сојузник на Македонскиот народ против власта е референдумот од 30 септември 2018 година, кога 2/3 од вкупниот беој запишани избирачи не гласаа за членство во ЕУ и НАТО и не ја прифатија Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

Се разбира, Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Бугарија и Грција, бугарскиот и грчкиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија, и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Со дестабилизација и контролирана нестабилност на државата, ЕУ и НАТО извршија грубо мешање во внатрешните работи на Македонија и рекомпонирање на власта со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

И војната во 2001 година, не беше војна меѓу Македонците и Албанците, ниту меѓу православните и муслиманите, туку симулирана војна на САД за имплементација на определени глобални интереси за свои сфери на влијание на овие простори. Косово стана предворје на Бонд Стил, а Македонија предворје на Калето, односно колатерална штета во одмерувањето на односите на големите сили САД и Руската Федерација на Балканот.

Промената на името на државата и идентитетот на нацијата претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува!

Затоа, и покра се’ и после се’, Претседателе, акција! Вашите надлежности се Ваше право, но и одговорност пред Уставот, законите, правдата, народот и историјата!

За Македонците во светот, оваа држава ќе остане Македонија, само Македонија и ништо друго освен Македонија! Насекаде, во секое време и пред секого, Северна треба да се игнорира и елиминира, постојано треба да се зборува за Македонија!

Борбата продолжува, името Македонија да го вратиме во внатрешниот правен поредок и во меѓународните односи, а велепредавниците, домашните врховисти и колаборационисти, да ги сместиме таму каде што им е местото: во Идризово!

Вести

Јакимовски префлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд во Скопје

Поранешнот градоначанк на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски предмалку е префрлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд. Во придружба на полицаец Јакимовски  пред новинарите извикна „ќе ги тепаме, не им се плашиме“, симболично покажувајќи […]

Вести

Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ […]

Вести

За Јакимовски и уште две лица се бара притвор, а за шестмина мерки на претпазливост

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против поранешниот градоначалник на […]

Вести

Рускоска за МИА: Јакимовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска. Според неа, станува […]

Вести

Јакимовски изведен пред истражен судија

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Приведени се уште две лица, вработени во општина Карпош. Обвинението е […]

Вести

Приведен Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата „Гром“ Стевчо Јакимовски утрово е приведен и е изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое […]

Интересно

(ВИДЕО) Холандскиот претставник најголем фаворит на Евровизија

До Песната за Евровизија остануваат 56 дена, па обложувањата за годинешната победничка песна, почнаа. Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Песната на […]

Интересно

Познат рокер повика на бојкот на Евровизија

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат. Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*