
Љубовта на младите кон татковината се гради од најмали нозе и за да постои, мора да биде двонасочен однос.
Државата, преку институциите, треба да овозможи услови за развој и пристоен живот, а за возврат да не’ учи на почит, лојалност и љубов.
Овде, дозволивме децата од првачиња, со песнички за парични награди да изразуваат љубов кон НАТО и ЕУ, младите да бидат последна дупка на свиралото и кој како стигне, да менува име, устав, симболи и историја.
Дозволивме да ни го уништат чувството за колективното и солидарноста и доминантно се свртевме кон личното и својот меур, своите потреби и корист!
И да, грдо е за гледање.
И очекуваме младите да знаат што и како треба да прават и од раѓање да ја љубат татковината!?
Па прво треба да им создадеме вистинска татковина која покажува дека ги сака, дом кон кој ќе чувствуваат дека припаѓаат и од кој сакаат да бидат дел, за потоа да бидат во можност да го возљубат и чуваат и ценат.
Наместо тоа, создадовме баруштина во која се давиме и од која мнозинството се решени во прва прилика да избегаат. МНОЗИНСТВОТО!
Се’додека наместо причини, сакаме да лекуваме последици, се’дотогаш ќе бидеме фрлани, газени и понижувани, како несвесно, така и свесно и намерно.
Возрасните, ставете го прстот на чело и наместо линч, прашајте се каде згрешивме и што треба да направиме за да не се повтори.
Решението сигурно не е распнување на 20-годишна девојка, туку повеќе работа ќе треба и затвор најпрво за одговорните за состојбава, ако имате храброст тоа да го побарате.