Како се тргнати работите, наскоро работниците ќе им прават интервјуа за работа на газдите.
Додека газдите си го гледаат својот ќар и профитот, молчејќи за скоро сите ужаси кои ни ги сервираат разни власти, од страв да не им се налутат па да ги казнат, или затоа што животот им е супер комотен како резултат на трудот на работниците, овие вториве мораат да мислат како да преживеат со минималците, работејќи по 10 до 12 саати (сега веќе и без греење во зима) и не можат да си ги видат децата, а камоли нешто повеќе.
Повеќе од сигурно е дека наскоро нешто значително ќе треба да се промени, а меѓудругото, газдите ќе мора да се откажат од дел од профитот за да платат повеќе за привлекување работници кои се’ помалку ги има.
Оваа лекција е вредна за сите: Кога молчиш за ужасот заради лична корист, по извесно време ужасот ќе ти тропне на врата и ќе си наплати дебело!
Сега, џабе се плачките по медиуми. Ќе треба да си го платите молчењето и учеството во ужасот.
Работниците се пред се’ луѓе, а не ваши алатки за богатење.
Кога ќе научите да ги почитувате и цените, како себеси, тогаш ќе има промена во приказната.
Пс. Газди се оние кои ќе се препознаат во приказната, а воопшто не се малку!
Чест на исклучоците, кои знам дека ги има и ми е мило што го знам. Сепак се само исклучоци, за жал!