Сунаи Сабриоски: Сигурен сум и убеден дека студент на Архитектонски токму на тема паркингот наспроти холидеј ин може фино лепо да докторира а ОЈО уште ќе истражува!


Една од работите што треба да ја запамети јавноста за бизнис зделката на Црквата/МПЦ е дека кај паркингот наспроти Холидеј ин ќе добие бајаги метри квадратни станбен и деловен простор, ако барате одговор МПЦ ќе ви каже дека зделката е за добробит на заедницата, на граѓаните, како е тоa добробит само МПЦ си знае.


 

А секако, би требало да се знае колку тежи МПЦ. Одговорот би требало да се крие во Управата за јавни приходи која пред некоја година отвори истрага со која требаше да се испитува дали и за што Црквата не платила данок кон државата но од истрагата ни почеток ни крај.

Во меѓу време, партиските полтрони да се повлечат со држење лекции како Власта направила напори за интересот кон граѓаните, се што направила а во контекст на паркингот наспроти Холидеј ин е пресметка на комуналии и секако тука е ОЈО кое постапува за да постапи прикажувајќи се преку медиумите дека истражува.

Додека ОЈО истражува во јавноста преовладува спинот дека ете МПЦ и Антиќ нема да градат шеесеткатници, или шо би рекол господинот Заев во Скопје се гради со усул, за дефокусот да е позасилен ќе ви кажат па ете инвеститорот платил комуналии. Е арно ама за укажувањата на антикорупционерите, првиот човек во владата кој во јавноста се претставува како борец против корупцијата уста не изусти на укажувањата на можната корупција, Љупчо Николовски мукла за паркингот наспроти Холидеј Ин.

Има многу што да се напише но џабе кога нема институции кои би се заложиле и кои би покажале вистински заложби кои ќе ја променат перцепцијата кај граѓаните за криминалот и корупцијата кај нас некако тоа институциите само ја зацврстуваат таа перцепција дека успеваат само коруптивните и криминалците.

Сигурен сум и убеден дека студент на Архитектонски токму на тема паркингот наспроти холидеј ин може фино лепо да докторира а ОЈО уште ќе истражува! Седете така, се е согласно закон!