Солза Грчева: Понеправеден и поглупав пензиски систем од нашиов, веројатно нема


Понеправеден и поглупав пензиски систем од нашиов, веројатно нема.
Прво, при инфлација од скоро 17% (рецесија поточно), незамисливо е некој да има пензија помала од 20.000 ден.

 

 

Второ, речиси секоја година расте горната граница на најголемата пензија. Беше 38.000, потоа 48.000, сега е околу 60.000. Но, сите помеѓу двете граници (долната и горната) не се индексираат, односно покачуваат со покачување на горниот лимит.

Па така имате луѓе од иста професија, со ист стаж, да имаат разлики во пензиите за повеќе од 10.000 ден. Само затоа што се пензионирале во друга година.
Ова е лудо и никаде не е така. Не се знае основниот модел на нормален пензиски систем.
И никој, баш никој, не дава во Собранието нов предлог закон за ова важно прашање!