Синоличка Трпкова: Зад таквиот “интегритет” секогаш ќе стои агенда и поврзаност со своето стадо…

Зад интегритетот на човекот не стои никаква организација, колку и да е напредна, праведна, заштитна, а камо ли партиски обоена. Зад таквиот “интегритет” секогаш ќе стои агенда и поврзаност со своето стадо. Зад интегритет стои индивидуа што мисли со своја глава и не се пикнала во скут на ниедна група, односно успеала секогаш да зборува од свое име и да ризикува кариера и семејство заради неприпадност, непоткупливост и нескршливост. Тие луѓе најчесто одбивале функции, давале оставки без да се фалат и да се чукаат во гради. И тие луѓе кога ќе дојдат на функција ќе останат исти, како и претходно. И никој нема да ги пофали или поддржи за тоа што ќе останат независни и доследни на човечното и правичното (онолку колку умееле). Попрво ќе бидат исплукани, зашто нема да мафтаат со магионичарски стапчиња за роднините, колегите, пријателите, претпоставените, групите…Оди па биди тоа во земјава ако можеш.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]