Симон Трпчески: Уметниците вака покажуваат како се сака и слави вековна Македонија!


Одличен прием од корејската публика за претставувањето на МАКЕДОНИСИМО на еден од најважните музички фестивали во Јужна Кореја, овој пат во Пјонгчанг и Чунчеон. Ентузијастичка реакција за срдечната, трогателна и емотивна музика од длабоките корени на безвременска Македонија!

 

 

Јас никого не треба да го прашувам за тоа кој сум, што сум и од каде сум! Јас тоа го знам и не се плашам да го кажам преку длабоките чувства на музиката која нашите предци ни ја оставиле!
Уметниците вака покажуваат како се сака и слави вековна Македонија!

Нека МАКЕДОНИСИМО биде пример и инспирација на моите сонародници за поголемо освестување во летните жештини и разум во самопочитта и својата гордост за она што се! Нешто сосем природно!
Јужна Кореја вака ја слави Македонија!
Следната недела – Отава!
А пред Отава – Чикаго!