Сашо Тасевски: Еве, зашто ме влечете за јазик…


Еве, зашто ме влечете за јазик…
Никогаш не сум бил националист. Многу нешта ми се релативизираа за минативе 30 години. Знам дека се има свој крај. Животот е колце, денес си горе утре доле. Се распаѓаат семејства, држави, идеали и вредности.
Не го сакав македонскиот национализам, зашто во клучни мигови за опстанокот на државата, се покажа без темел, беше лажен и слаб. Во 2001 та гледавме што побрзо да уплатиме за летување на море, наместо да излеземе да бараме оружје и да се бориме до крај, ко Словенците и особено Хрватите во 1991. Секоја чест на исклучоците. 2001-та беше големо национално предавство. Војната ја изгубивме. На маса, под маса, не е важно. Тогаш умре онаа асномска Македонија. Затоа ми беше смешен национализмот на груевци. Глумеа патриоти пред народот, додека крадеа.
Се смени власта, поточно оној македонски дел од власта, нели, албанскиот со ДУИ е константа по 2001. Оттогаш сме стопроцентен протекторат. Безгласна буква. Останавме без карактер. Одлучија ќе сменат име на држава како што побараа од нив, во замена за прогрес и стабилност. Ама гледаме дека отстапките што ги правиме кон соседите и светот никако да престанат, а прогрес нема. Тоа е очекувано ко ќе те научат дека си СЛАБАК, без карактер. Маалските принципи важат и во високата политика. Едно понижување пред најјаките у маало раѓа ново.
И дојдовме до главното. Колку и да не си националист, тие отстапки не само што те повредуваат како човек, туку и како Македонец, поголем или помал. Не е таа реакција намерна, од инает, таа е човечки рефлекс за одбрана, кога си нападнат од секаде.
Претседателот Пендаровски вели, најстабилни сме во регионот. Јас му велам, никогаш не сме биле во поголема опасност како народ и држава.
САД, ЕУ и соседите, свесно или не, го поттикнуваат македонскиот шовинизам и фашизам, зашто бараат од еден народ целосно да се самозапали самоукине и згази.
Не ви помага тука пропаганда од Тричко мичко, ЛГБТ и останатите невладини кои ѓомити треба да не научат да бидеме луѓе, а не кромањонци.
Ништо од тоа додека градите псевдодржава на лешот на еден понижен народ. Ништо!!!
Ако со перформанс ги понижувате православните, ѓоа е тоа уметност, добро, ама пробајте во истиот перформанс уметнички да го понижите исламот и Мухамед, па да видиме како ќе поминете. Ако пишеш веќе колумна со наслов Јебо вас Гоце, пиши и колумна против албанскиот ннационализам со наслов Јебо вас Скендербег и Џемо Хасо. Па да видиме…
Вака дежурни за газење ви се своите, од вашиот народ, кои и онака се згазени од сите. А ги газите зашто и понатаму се премногу кротки.
Не е тоа убаво за никого, најмалку за вас

Балкан

Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16. Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе. – […]

Вести

Новиот премиер на Велика Британија – за приврзаниците популарен, за критичарите – неискрен

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен […]

Балкан

Србија: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот. Кон крајот на мај со музика и огномет, […]