Сашо Тасевски: Еј браво како ги зашлапа груевци со текстон


Знам, редовно ме читаат цензорскине служби во власта, некогашни твитерџии, кои порано ме тапкаа по рамо: Еј браво како ги зашлапа груевци со текстон.Гледам веќе не ме тапкаат и се затуфкав. После сфатив дека они од тоа што ме читаат не разбрале ништо, а за тоа сум јас виновен. Не забележав дека цело време сум пишувал на кинески. На мандарински кинески. Кога видов, дамла ме удри. Леле ги измачив луѓето две години. Добро тогаш, дај одма да пишам на македонски, нема смисла.
Џабе метла, ако не ги ИЗМЕТете сите соби со тоалетот. Ни по баби ни по вујковци. ДУИ дваесет години го гради својот паралелен свет, бинационална федерализирана држава. И сите вие као мутави, а може мутави и сте, вие и сите претходни власти тоа го гледате молкум, зашто ве ставија во џеб. При тоа нивно грабање на државата, ќе земат многу нешта кои не се за давање. А бе и децата ќе ви ги земат. И македонски и албански. Некои ќе заминат на време, некои ќе се испотепаат во одбрана на нешто што нема да може да се брани. Сме го гледале тој филм. Се викаше Распадот на Југославија. Можат да лажат Норвежани и Данци дека границите на Балканот се неменливи, али не можат да не лажат нас кои видовме дека се менуваат преку ноќ. Бевме сведоци на тоа. Кога критикувам, критикувам зашто многу ќе страдаат од вашето политички коректно слепило. Дајте им дознаење на Талат анд компани дека не можат да прават што им прдне. НАТО не е никаква гаранција за мир, за она што ќе следи. Они на крај ќе дојдат само со нова мапа и ќе ни речат да се потпишеме под неа. Толку. Ова се надевам ќе го разберете, не е на кинески.

Вести

Панчевски суспендиран, за Вангеловски одложено разрешувањето

Поранешниот судија на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење судски предмети, денеска е суспендиран од Судскиот совет на Република Северна Македонија. Советот не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово […]

Вести

Почина Драги Арсов, прв потпретседател на Собранието

По кратко боледување денеска на 82 – годишна возраст почина Драги Арсов, поранешен пратеник и прв потпретседател на Собранието. Роден е во 1937 година во Кочани. Завршил Факултет за политички науки. Драги Арсов е и […]

Вести

Завршуваат подготовките за „Пивофест 2019“

Завршуваат подготовките за утрешниот почеток на 17. „Пивофест 2019“.  Се поставува главната бина која до крајот на денот ќе биде готова, а се уредуваат и штандовите за пиво и скара. Фестивалот ќе трае од 18 […]