Рубенс Муратовски: Не ја давам Татковината!


Сонив сон. Беше толку силен и јасен што помислив дека е јаве. Се преплашив. Никогаш никому ништо лошо му немам направено.

 

 

Пред мене, во сонот, почнаа да ми се појавуваат некои луѓе. Познати и непознати. Некои ги имаме учено на училиште. Не сите. Велеа дека ми биле прадедовци.

Им реков дека бадијала дошле. Наскоро ќе не снема. Така велат некои луѓе од внатре и од надвор. Она од внатре најмногу ме боли.

Рекоа дека непотребно се грижам. Ми рекоа дека да се биде македонец е да се учи да опстанеш. Македонците се како “Опстанок на нациите во 10 лекции”. Големите нации, што и тоа да значи, ќе исчезнат побрзо од нас, бидејќи ние го вежбаме исчезнувањето мнооогу долго време……ми говореа вака долго време, и малку се подсмирив…

Не ја давам Татковината!

ФБ Статус