Реџеп Исмаил: Информации за ново-отворениот мост на Хрватска што треба да ве натераат малку да размислите околу “стратешките” партнерски односи на Македонија


Информации за ново-отворениот мост на Хрватска што треба да ве натераат малку да размислите околу “стратешките” партнерски односи на Македонија и каква кочница претставуваат тие во развојот на државава:
– Скоро 60% од средствата за мостот се неповратни финансии од ЕУ;

 

 

– Мостот е изграден од страна на кинескиот градежен конзорциум “China Road and Bridge Corporation”. И како што вели Владата на Хрватска, тоа е “доказ и симбол за квалитетните односи и партнерство помеѓу Хрватска и Народна Република Кина”.
Па вие уште верувајте дека Н.Р. Кина имала неправилности околу патот Кичево-Охрид и дека во четири очи договорената негова изградба со американците, каде подизведувач ќе биде Пуцко Петрол, се платено со наши пари, е исправна работа а не инструмент за финансиска поткрепа на политики во интерес на странски интереси.