Проф. Ванковска: Зошто на концепција за основно образование се гледа како на државна тајна?


Читам во колумна дека, демек, вмровските војници намерно направиле да протечат информациите за реформата во основното образование, инаку МОН немал намера да брза со реформата. Ај, ова за војниците на Грујо што дрмаат држава, ќе го оставам на страна. Но, ќе прашам: зошто на концепција за основно образование се гледа како на државна тајна? Зошто не била ни најавена работата на комисијата? Зошто откако дознавме, експертите на МОН и Мила се закопаа во ровови и рекоа: ова е тоа, ова е најдобро, и не прифаќаме никаква критика? По што е ова различно од времето на Грујо и неговите реформи?



Демек, немале намера да брзаат, а веќе се задолжиле кај Светска банка!? И кој кажа дека почнуваат во март со предметни програми и материјали за учење, во април и мај со обуки, и во септември со прво и шесто одделение? Вмровските војници и „патриотските професори“ – или е тоа став на МОН?
Конечно, кој бега од јавна дебата? Кој е арогантен и пасивно-агресивен ако им забележиш дека СИТЕ релеватни институции се против избрзана и неосмислена реформа во која експериментални глувчиња се деца???

Конечно, има една работа за која малкумина зборуваат (покрај прашањето за чинењето на реформата), а тоа е конфликтот на интереси на „бранителите“! Притоа, неверојатно е да не се спомене дека исти експерти му ја работеле реформата (Кембриџ) на Грујо, а сега и на Мила, Неко меџу нама није наш, ама тие имаат имиња и презимиња. Генерализациите и етикетирањата се алатки за замолчување на секое несогласување во заробени држави и хибридни режими.