Проф. Ванковска: Зборувајте ми за едно опШесво за сите, плиз!


Закани со 5 години затвор за одбивање на попис, се сеќавам, имаше и во 1991 година кога Албанците го бојкотираа масовно. Oh, wait! Грешка! Немаше казни ни за попис ни за одбивање да се служи воен рок. Амнестија имаше и во 2002 година. И по Шарената револуција политиката на неказнивост си остана… Зборувајте ми за едно опШесво за сите, плиз!
Ви кажав, I told you so што би рекле: по Преспа, македонската власт го прави сето она што во историјата го правеле окупаторските власти. И допрво ќе го прави бидејќи работата уште не ја завршиле сосема.