Проф. Ванковска: Утрово го слушам интервјуто на (правникот и министер) Димитров



Божем немам попаметна работа, ама ете утрово го слушам интервјуто на (правникот и министер) Димитров во интервју за 360 степени. Политички памфлет и предизборна битка пар екселанс! Повеќе се секира за тоа дали опозицијата ќе победи на изборите и за Законот за ЈО (затоа што така рекле амбасадорите), отколку за она што му е работа. Плус, после сите мајмунлаци што му лежат на совест и на одговорност, тој ПОВТОРНО бара да сме се пребројале кој е за ЕУ, а кој не е. (Додуша ова го бара од пратениците, ама мисли и на оние кои тие ги претставуваат.)

Човек се прашува дали стасавме до таму Белград да го замениме со Брисел и Вашингтон? Зошто да МОРАМ/е да бидеме за НАТО и ЕУ? И побогу, зарем не сфаќа дека БЈРМ беше подостоинствена позиција отколку ова наметнато и криминално усвоено Северно име? И лаже за македонскиот јазик – по кој знае кој пат…

На англиски има еден израз fear-mongering, играње на картата на стравот, само за да се профитира политички/на избори.

Демек, ако сме против Преспанскиот сме биле против цел свет, сите соседи, итн. МАНИПУЛАТОР! Божем „случаеб политичар“ ама не му се заминува (изгледа му пропадна и работата во САД, па ќе си остане овде – можеби веруваат дека им носи многу поени како јунакот од Преспа).


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]