Проф. Ванковска: Трагично е што не само што Бугарија не се европеизирала, туку и Европа веќе нема нормативна моќ – ни внатре ни надвор!


Прво, Бугарија како ДРЖАВА била на другата фашистичка страна на историјата во Втората светска војна, и за тоа постојат факти и докази. Се разбира дека меѓу народот имало и антифашисти и комунисти и либерали, и кукавици и јунаци. Исто како и во Германија, Италија, Јапонија.
Второ, никогаш не минала низ процес на соочување со темната страна на своето минато. За разлика од германските деца, бугарските никогаш не прашале: тато, каде администратираше ти за време на Втората светска војна?
Трето, од комунистите полоши се само антикомунистите. Од живковистите полоши се само бојковистите и ковачевистите.
Четврто, Македонците се бореле повеќе за национално отколку за социјално ослободување, тоа е факт. Одредите ги носат имињата на Илинденците. Не биле супер-херои, им требало време да се “разбудат”, Темпо помагал, но дале придонес во антифашистичката војна од 1941 до крајот. Точка! Плус тоа, и Грција и Бугарија знаат дека генералниот придонес на Македонците од Вардар, Егеј и Пирин бил значаен, а жртвите големи.
Петто, дури и да има митологизација на партизаните, таа помогнала цели генерации да пораснат во тој дух на праведност и антифашизам! Ние славиме 2 август и 11 октомври, тие слават мегали идеја, на Голема Санстефанска бугарија!
Конечно, ако некој не гледа дека негирање на нечиј идентитет и култура се знак на длабок не само шовинизам туку и фашизам, тоа е знак дека е или слеп (при ум) или се преправа дека не гледа. Ние не бараме ништо од Бугарија, само да се однесува антифашистички! Трагично е што не само што Бугарија не се европеизирала, туку и Европа веќе нема нормативна моќ – ни внатре ни надвор!