Проф. Ванковска: Тоа е сликата на Северна која божем сака да стане западна



Во правото има еден стар принцип според кој непознавањето на правото/законот не го ослободува од обвинение сторителот. На пример, не можеш да кажеш не знам кривично право, не сум правник, па затоа сум невин.

Денес Таљат и компанија со аплауз го поздравија обратниот принцип: не го знаеме правото и ни се може, ќе правиме што сакаме. Не е ова правен факултет, не сме должни ни да го знаеме ни да го почитуваме правото што го креираме. Се разбира, на правен факултет се изучува правната наука, но тие во Собрание не сакаат ни факти ни аргументи да слушнат. Деловникот им е каучук норма, како и уставот.

Таљат е олицетворение на таа бахатост и примитивизам на една самоволна власт. Тој е и командант, и спикер, и уставен суд, и продолжена рака на извршната власт. Ах, тој е и професор! Тој и’ држи предавања на најдобрата професорка по уставно право што некогаш ги имала Македонија. Во публиката оргазмички аплауз!

Тоа е сликата на Северна која божем сака да стане западна.

Знам дека како личност е силна, но денес сочувствував со прифесорката: да предаваш цел живот уставно и парламентарно право, да веруваш во либерална демократија и вредности, и да ја видиш оваа стварност и тоа однатре!


Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*