Проф. Ванковска: Сега да се вознемируваш (и тоа на ФБ) е како да се чувствуваш навреден што ти врзал шлаканица оној што веќе те силувал


Читам голема вознемиреност поради ставот на БАН дека македонскиот јазик не постои. Не знам што е тука чудно (освен ако не сте верувале во бајките на ЗЗ). Ако во нешто е конзистентна оваа власт тоа е токму во потврдувањето на тезата дека македонскиот народ не постои, дека е измислен од Тито, и сл. Она што порано го тврдеа соседите, сега стана наша официјална надворешна/соседска политика.



Сега да се вознемируваш (и тоа на ФБ) е како да се чувствуваш навреден што ти врзал шлаканица оној што веќе те силувал.

Одамна реков: не сте ни свесни дека е ова само почеток на една долга агонија на идентитетски инженеринг in vivo, без анестезија. Сваког дана, у сваком погледу…