Проф. Ванковска: Референдум – да! Но, не за прашање кое не бара поголем политички и правен напор и кое е во рацете на владата


Референдум – да! Но, не за прашање кое не бара поголем политички и правен напор и кое е во рацете на владата. Прочитајте го Договорот со Бугарија да видите дека опозицијата ќе може да го раскине ВЕДНАШ штом дојде на власт. И сега бараат од нас да гласаме ЗА (наместо ПРОТИВ) на прашање кое е “као киша око Крагујевца”.

 

 

Договорот со Бугарија можеби беше/е коренот, но во меѓувреме стеблото беше калемено, мутираше и почна да дава “француски/европски” плодови кои не беа содржани во оригиналниот договор. И станаа дел на преговарачката рамка.

Референдумот требаше да се однесува на одлуката на Парламентот од јули оваа година! Нам не ни е проблем (само) Бугарија, туку ни треба гласно НЕ пред ЕУ која го благослови бугарскиот национализам и шовинизам вграден во рамката.

Не знам како можеше ДПМНЕ да донесе ваква одлука кога во своите редови ја има професорката Силјановска, која веројатно не е ни консултирана.