Проф. Ванковска: П.С. Да додадам уште нешто важно: во Илинденското востание, колку што знам, Арнаутите учествувале ама како дел од аскерот. А да не зборувам за кољачките походи на Грците…


Кога користат евтини финти и прашуваат “Ако си за Македонија, како може да си против Илинденска Македонија” – одговорот треба да гласи ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ! Гоце загина брзајќи да го спречи Илинденското востание – па, нека повелат да ми објаснат дека тие (молковци) повеќе ја сакаат Македонија од Гоце! Илинден е симболички мит, но не е славен чин, ако се видат предавствата (од Бугарите), последиците од репресалиите врз цивилите, обрзглавувањето на Движењето за долго време, односот на Европа и нивните геополитички интереси! И тој Илинден бил обележен со страдања и предавство, како и овој. Со таа разлика што тие тогаш гинеле за идеали и биле храбри, а денешниве не сакаат да гинат, кукавици се и вазали на Големите сили.
П.С. Да додадам уште нешто важно: во Илинденското востание, колку што знам, Арнаутите учествувале ама како дел од аскерот. А да не зборувам за кољачките походи на Грците… Илинден не е обединувачки симбол ни во внатрешен, ни во регионален контекст. Илинден бил национална катастрофа крваво платена и со голема историска цена. Илинден е нашата Косовска битка, затоа и Гоцевото крило сакало да го спречи масакрот!
Денес, наша задача е да бидеме Гоцеви потомци и да спречиме уште еден масакр!


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*