Проф. Ванковска: Нека се раѓаат живи и здрави бебиња, ама нека имаат и иднина. СИТЕ!


„Филипче: Во 2021 да имаме само убави вести како оваа дека по полноќ се родиле две машки бебиња“
Ајде и да ја разберам традицијата и симболиката да се одбележат првородените во Новата година, ама пак што значи ова со полот? Немаше да биде убава веста ако се родеа женски бебиња? Или, колку да се каже нешто?
Всушност, не го разбирам ни едното ни другото – особено кога државата, т.е. министри и политичари ќе се истопорат и сликаат небаре заслужни за доаѓањето на свет на бебињава. Уште утре ќе ги заборават, идната година ќе има некои други бебиња.
Нека се раѓаат живи и здрави бебиња, ама нека имаат и иднина. СИТЕ! Оние 20.000 денари ми наликуваат како награда на некоја трка, особено што сме сиромашна земја во која бебињата немаат еднакви услови и шанси во животот.