Проф. Ванковска: Наместо да се извини, министерот Никола Димитров ни го цитира „фамозниот“ член 7 од Преспанскиот договор (во духот на Колозова)

Наместо да се извини, министерот Никола Димитров ни го цитира „фамозниот“ член 7 од Преспанскиот договор (во духот на Колозова) и се брани со КОНТЕКСТОТ! Некои прашуваат: на кој јазик зборувале неговите предци? Јас велам, од желба да биде субмисивен пред господарите, Димитров веќе и не знае кој политички коректен јазик го зборува. Но, она што ми е најскандалозно и несфатливо е што Павлос Воскупулос му става лајк на Димитров!?! Сега ми се наметнува прашањето: прво, на кој јазик зборуваат Воскопулос и Македонците во Грција? (А да не го прекршат Договорот…) Второ, дали Виножито има став за изјавата на Димитров – или ќе молчи поради политичка коректност? Дали воопшто останаа бранители на човекови права во Грција, во Македонија, и во Европа? Или ќе се „вадат“ на НАТО и ЕУ, па нема да брануваат? Минимумот за кој наводно ќе се бореше „Виножито“ беа јазичките права во Грција, т.е. правото на македонското малцинство да го употребува македонскиот јазик (со фуснота или без неа) во училиштата и црквите. Оние кои го промовираа Абецедарот сега си молчат – или барем јас не сум ги чула да се побунат. Зошто, парадоксот сега е не само што грчката држава им ги негира правата, туку и македонската (додека на Европа не ѝ е ни гајле за таму некаква малцинска група која нема народ од кој потекнува).

Одамна реков дека ќе дигнам раце од застапување на малцинските права на Македонците – ако ним не им се важни, што можам јас да сторам? Но, сега проблемот е посериозен затоа што и ние овде, иако навидум го имаме македонскиот како службен јазик, се соочуваме со политичка контрола и упатства за користење на сопствените идентитетски одредници напишани од власта.


Бизнис

Фондот за Западен Балкан додели грантови за 24 проекти

Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан во Тирана ја одржа дводневната партнерска работилница и церемонијата за доделување на грантови од 24-те победнички проекти од вториот повик на ВБФ. На настанот присуствуваа високи претставници од министерства за […]

Вести

Протест на жителите на Гази Баба против преселбата на Центарот за зависности во нивната населба

Жителите на Гази Баба денеска одржаа протест против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Општина Кисела Вода во простории на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“, во населбата Маџари. Учесниците на […]

Вести

Марш за Денот на параплегијата и дистрофијата во Скопје

Денот на параплегијата и дистрофијата денеска беше одбележан со марш организиран од Националниот сојуз на лица со попреченост „Мобилност“, под слоганот „Силата не е во чекорењето, силата е во издржливоста!” Неколку години по ред, секцијата […]