
Умирам од смеа кога читам наслови кои алудираат дека она што се случува во Казахстан (демек, народен бунт поради зголемување на цените на гасот) може да се случи и кај нас. Демек, ќе му прекипело на народот поради енергетската криза, скапа струја, нема парно, итн.
Прво, да се разбереме ние веќе ја доживеавме „казахстанската револуција“ – само што ја викавме „Шарена револуција“. Нашава мина без насилство – зошто и немаше потреба од тоа, но геополитичката цел беше постигната и со малку циркус, бранување, НВО отпор, режим сменување – и се’ спласна со инсталирањето на ЗЗ и Преспа. Сега овој Таче ќе не’ докусури.
Второ, Казахстан е по истиот терк, и со истите мотиви, ама малку поблиску до фронтот (со Русија). И ќе награбусаат повеќе , бидејќи САД и НАТО ќе се борат по последна капка крв на Казахстанците за демократија и поевтин гас.
Трето, овој наш народ е (за жал) „анестезиран“ и пацифизиран – тој уште верува во НАТО, ЕУ, владата која апелира да се пушти парно среде зима, нема чувство за заедништво дури и ако смрзне и почне да гладува. Не гледам жар за менување по вонинституционален пат, грантови на НВО и медиуми се даваат за демократизација, а не за смена на оние кои тие ги инсталирале. Ќе чекаме избори, а избор… алтернатива … хммм … оди да баци рака на Калето пред да заусти било што.
А да им покажевме дека сме народ со кичма и достоинство пред три години (баш на овој ден сум протестирала пред Собрание поради промена на Уставот на криминален начин), ќе имавме зад себе и искуство и самодоверба за да не не’ прават магариња полоши од нас.
Затоа, останете така – нашата „револуција“ помина, а вие дури и не видовте дека е шарена лажга. Како што напиша некој вчера: сега НАТО нека ве топли!