Проф. Ванковска: Да не беше важно, зошто Грците ќе инсистираа на ова?



Се отворила некоја дискусија околу значењето на знамето од Кутлеш/Вергина, па и јас да си кажам нешто.

Јас се сложувам со колегата Тони Дескоски дека симболот/сонцето не бил национален/државен симбол за Македонците пред да биде донесен законот за знамето по осамостојувањето. Јас ќе се сложам и дека тоа беше непромислен потег во една тешка дипломатска ситуација (и се виде крајот, нели?). Но, историските и општествените околности не можете да ги смените по сила на волјата/умот. Македонија првпат стана независна држава и таа национална еуфорија беше и за очекување и е разбирлива (неразбирлив беше амокот кој ги зафати другите краишта на Југославија, и среќа ние не западнавме во тој крвав виор). Така што ова со симболите е мачкина кашлица, а мене ми е преку глава да се оградуваме од „македонизмот“ (патем, никако не сфатив зошто е тоа пежоративен израз).

Но, да се разбереме: тој не бил ни национален/државен симбол на Грција. Гробниците кај Вергина/Кутлеш ги посетив пред некоја година (откриени се во 70-те) – тие се на македонското кралство и тука Наде Проева има многу што да ни каже на сите за да правиме разлика меѓу древна Македонија и Грција.

Не разбирам по која логика со Преспанскиот (факинг) договор ние требаше да ги заверуваме грчките гени од Александар? Како тоа да оставиме Грците да си ги одбележуваат нивните симболи? Симболите не се оверуваат со нечија надмоќ, тие си имаат свој живот! Како што ние не сме директни потомци на Александар, не се тоа ни Грците – ниту од Александар ниту од Софокле! Тоа е елементарна работа за секој и малку образован човек. Затоа Преспанскиот договор е една бедна националистичка творба во полза на грчкиот национализам (но со ефекти врз нашиот).

Како тече времето мене, која никогаш не мафтала со тоа знаме, симболот ми станува се’ позначаен и помил. Знаете зошто? Затоа што сега тој станува и симбол на ОТПОР кон моќта!

Од друга страна, овој симбол/знаме стана национален/етнички кога во 2005 година Албанците се изборија за албанското знаме. Знаете, да не се лажеме, ова е консоцијација, и ако е тоа заедница на заедници (етнички), а едната мафта со „свое“ знаме, нужно е и другата да си најде свое. И си го најде, ем затоа што сонцето не е (само) од Кутлеш, туку од многу цркви и споменици од минатото што се наоѓаат на наша територија, ем затоа што беше сменето со сила. Сега кога е забрането под закана од санкции, па уште и кога се бруси од капаци на шахти, тоа станува уште позначајно. Да не беше важно, зошто Грците ќе инсистираа на ова? Тоа е таа логика на национализмите: еден провоцира друг, а ние (Македонците) ставени во сендвич од сите страни, па уште и да сме биле не-националисти. Ем те тепаат, ем не ти даваат да плачеш!

И за крај, оние кои се за да им дадеме на Грците да си слават не ни помислуваат на слобода на мисла, говор, јавно дејствување. Ова што ни се наметна (на НЕУСТАВЕН и КРИМИНАЛЕН начин за што Дескоска е свесна) е фашизоидно. Другата работа е срамното одрекување од слободата на научно (историско) творење и внесување на политиката во науката. Третата работа се однесува на КУТЛЕШ, односно на нашето малцинство од кое срамно се одрековме и не смееме да зуцнеме дека постои (за волја на вистината и некои активисти на Виножито го поддржаа овој срамен договор па сега си се сами во битката).


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*