Проф. Ванковска: Бидејќи Македонија не е само оној дел под бугарска окупација, си размислувам под каква тоа администрација бил западниот дел од земјата?


Бидејќи Македонија не е само оној дел под бугарска окупација, си размислувам под каква тоа администрација бил западниот дел од земјата? Можеби Колозова ќе ме просветли да размислам во критички дух јер Македонците не биле светци и колаборационисти биле преку 80% од луѓето.



Веќе се шегувам со горчина и цинизам, се разбира. Но, сериозната страна на нештата е во онаа проширената Пандорина кутија за која така јасно ни навести Заев уште пред три години. И за „Аријатидата“ со Минотаурот…

Се плашам дека неосетно не’ вратија сто години наназад, внесоа конфузија и пизма, се занимаваме со идентитетски прашања и со историја, се делиме и го требиме куколот (секој низ своја призма)… Македонија е на раб на граѓанска војна, bellum omnium contra omnes (засега само симболички), наместо ветената правда, мир и опШесво за сите. Толку од мене засега. Сега да одам колумна да пишувам…