Проф. Ванковска: Ајде да се договориме дали и натаму ќе фолираме, или секој е препуштен сам на себе


Патем, денес нов рекорден број на заразени – дури 40! Бројот на починати е во многу симетрична бројка изразен – 111. 

Медиумите глумат почитивање на мерки, како и сите други. Водителка носи маска прописно, еден гостин без маска, а другиот ја ставил преку уста, ама не и преку носот. Важно, „мудруваат“… Има, и други комбинации, зависно од гостинот и новинарот, студиото… И после, како сериозно да ве сфатат луѓето кога им велите дека во затворени простории МОРА да се носи маска и тоа ПРОПИСНО?

Навистина, ајде да се договориме дали и натаму ќе фолираме, или секој е препуштен сам на себе. Иако кафаните не се отворени, мене ми се чини дека живееме во „шведскиот модел“, ама без шведската култура, доверба во властите и самодисциплина.

Јас досега тврдев за себе дека сосема добро ја поднесувам оваа самоизолација (излегување само за набавка на продукти и одење на Водно), но сега сум во фаза во која ме фаќа страв да излезам надвор – дома ми е побезбедно, бидејќи јас сум во целосна контрола на сопственото здравје, безбедност, хигиена, ризици, и сл. Башка што ми е супер кога си работам без вознемирувања (зависник од работа секогаш и сум била).

Проблемот е што и покрај сета глума и пропаганда за препород на здравствениот систем (за кој знаевме во каква состојба ја дочека пандемијата), и покрај создавањето на култ на личноста, јас лично НЕМАМ ДОВЕРБА ама баш во никого, најмногу во тие од кои ми зависи животот и здравјето.

Да, не бидам пророчица Касандра, ама назад ни е „зимата“ – допрво ќе ја плаќаме цената на урнисан систем по сите основи и шавови…


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]