Проф. Росоклија: ПОМПЕЗНОСТА НА НИШТОЖНИТЕ


Отуѓената власт инсталирана во Македонија, го тера Македонецот да живее како во времето кога луѓето верувале дека имаат договор со Господ и дека Господ ќе им донесе благосостојба, доколку стриктно се придржуваат кон договорот со Него, поточно, доколку се понизни и покорни.


 

Во Македонија, помпезни празноглавци, Господ го заменија со Нато Еу (нешто како име и презиме), ветувајќи му благосостојба на народот како награда за македонската понизност и самоуништување.
Наместо срам, ,,нашите“ послушници поставени во лидерски позиции се горди на сопствената ништожност.
Помпезност на ништожни.

Кога ќе изберете или ќе ви изберат инфериорни личности во функција на национални лидери, личната инфериорност како модел на однесување ја проектираат врз целиот народ.
Историски момент на досега недоживеана национална срамота за сите Македонци.