Проф. Росоклија: Партиите имаат и паметни, не многу но ги имаат

ИЗБОРИТЕ ВО СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ

Партиите имаат и паметни, не многу но ги имаат. Тие се воглавно отсутни во социјалните медиуми.

Партиите имаат и бивши, кои преку социјалните медиуми им даваат дискретна или отворена поддршка на кандидатот и на партијата, со порака дека сакаат да станат сегашни.

Партиите имаат и цели армии воглавно неписмени, скромноумни, примитивни и вулгарни, кои се најприсутни на социјалните медиуми за да бидат забележани и без исклучок им нанесуваат штета на кандидатите и на партиите.

Во меѓувреме ги загубивме македонската држава, македонскиот идентитет, земјата заеднички ја доопљачкаа, народот го доосиромашија под границата на беда и достоинство.

Народот, независно од етничката припадност, нема да види бел ден во наредните неколку генерации, но му ги сменија и критериумите за ,,бел ден” и за достоинствен живот.

Така Македонците станаа луѓето со ланци, во пештерата на Платон.

Бојкотот е единственото оружје со кое народот ќе ги испрати на ѓубриште власта и ,,опозицијата”.

#бојкот #bojkot


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]