Проф. Росоклија: Меѓумакедонски дијалози кои за жал не наликуваат на мелијански

МЕЃУМАКЕДОНСКИ ДИЈАЛОЗИ КОИ ЗА ЖАЛ НЕ НАЛИКУВААТ НА МЕЛИЈАНСКИ
(оригиналниот пост е објавен на 23 декември 2013 година, кога многу Македонци не веруваа дека ќе ни се случи ова што ни се случува)

Македонските Битанги се во нова офанзива за промена на името и елиминирање на македонскиот национален идентитет.

Еве ги моите размислувања во врска со нивните „аргументи“

1. Грчката политика е совршено јасна, не од денес и не од вчера, дека тие не прифаќаат постоење на македонски национален идентитет. Кој е тој можен компромис со Грците, кој не го засега идентитетот?

2. Компромисот би значел откажување од македонскиот национален идентитет и распаѓање на Македонија како држава.

3. Оваа генерација Македонци го нема правото да се откажува или да менува национален идентитет. Ниту генерациите пред нас ни го дале тоа право, ниту можеме во име на ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ и надеж за членство во ЕУ, под претпоставка дека ќе постои во наредните 10 години, да ги лишиме генерациите после нас од нивното постоење како Македонци. Затоа предлогот за реферндум е бесмислен, смешен и злосторнички.

4. Униите се создаваат и се распаѓаат, нациите го градат својот идентитет, не се откажуваат од него.

5. Бранко Црвенковски изјави: „Да го видам тој маж што на нацијата ќе и го смени името“.

Јас сакам да го видам оној што на нацијата и дал толку многу, што се чувствува повикан и квалификуван да одлучува за идентитетот?

Кои се овие бедници од луѓе, ,,политичари“ на лизинг, со ништо создадено зад себе, со ништо дадено на македонската држава и на македонската нација, што се осмелуваат со храброст позајмена од меѓународната, да се пазарат со нашето постоење како Македонци?

Некој нека им ги прочита, прераскаже и интерпретира мелијанските дијалози (Тукидит) за да добијат некоја далечна визија за тоа што се мажи и лидери.

*
МЕЛИЈАНСКИ ДИЈАЛОЗИ
За време на пелопонеските војни меѓу Спарта и Атина, Мелијанците, жителите на островот Мелос, одбиваат да влезат во атинскиот сојуз. Атињаните им се закануваат дека ќе ги уништат со својата воена моќ. Преговорите меѓу Мелијанците и Атињаните, познати како „Мелијански дијалози„, ги опишува Тукидид во „Историјата на пелопонеските војни„.

Мелијанците, покрај аргументите зошто не сакаат да и се потчинат на Атина и да станат нејзини робови, ги предупредуваат Атињаните дека кршејќи ги принципите на слобода на избор на еден народ, ги рушат темелите на кои почива цивилизацијата и дека тоа ќе доведе до рушење и на атинската империја.

Мелијанците не прифаќаат да бидат робови, Атина ги напаѓа и ги победува, за на крај да ја загуби војната со Спарта и да се распадне нејзината империја.

Идеите и верувањето на Мелијанците во повисоки национални интереси, како и во правото на избор, симболизира апсолутна добивка за секоја нација, независно од изгубената битка.

Вести

Хаос во комисијата со Бугарија: Ни Гоце е Македонец, ниту народот може да е македонски

Пошироката јавност се уште не ги знае сите детали од хаосот што се случувало на последната средба на историската комисија со Бугарија. Извори блиски до членови на бугарскиот преговарачки тим тврдат дека не бил проблем […]

Балкан

Земјотреси во Албанија попладнево почувствувани во земјава

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина  мунити е случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја. […]

Вести

Боки 13 во понеделник, Јанева во вторник на распит кај Русковска

Осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева повторно се повикани на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. – Бојан Јовановски – Боки 13 е повикна да даде исказ […]