Етничките Албанци во Македонија не се државотворен народ. Тие историски биле против Македонија и во повеќе наврати низ историјата го манифестирале ова.
Етничките Албанци во Македонија се етничко и јазично малцинство кое треба да ги има сите права согласно меѓународните акти и на кое треба да му биде зштитен јазичниот и културниот идентитет согласно меѓународната регулатива без нарушување на унитарниот карактер на Македонија (што е потенцирано и во мировниот договор од Охрид).
Мислам дека е време да се промени Преамбулата на Уставот.
Историски државотворен народ на Македонија се единствено Македонците и сите оние кои себе се перципираат како Македонци.
Сега Македонија е граѓанска држава во која сите индивидуи имаат исти права и слободи а етничките и јазичните малцинства имаат посебна зштита во однос на нивниот јазичен и културен идентитет.
Јас не гледам на кој начин е загрозен албанскиот јазик во држава во која сите нивоа од образованието се одвиваат на албански јазик, во кона постојат културни институции на албански јазик и во која може да се зборува и твори на албански јазик.
Јас лично сметам дека етницитетот треба да стане дел од приватната сфера и ќе се борам за тоа затоа што верувам во Земјата како заеднички дом на сите луѓе, меѓутоа тоа не го менува историскиот факт на тоа кој е државнотворен народ во Македонија.