Проф. Нацев: Некомплетни униформи за безимена армија!


📌Обидот да се изманипулира јавноста и да се претстави лажна реалност пред граѓаните е вештина која актуелната власт успешно ја има совладано. Но, граѓаните веќе се доволно рационални за да можат критички да ги гледаат работите и да не потпаѓаат под влијание на селективни прес конференции и празни ветувања. Денешниот обид да се прикаже купувањето униформи за припадниците на АРМ како спектакуларен успех од невидени размери, всушност е само катастрофален обид за манипулација на јавноста. Бидејќи јас сум воено лице и сум носел неколку комплети униформа за време на мојата служба во АРМ, знам (а сигурно знаат и сите оние кои отслужиле воен рок или работат како ПфВ и старешини) дека комплетната униформа не се состои од панталони и палто, туку има уште неколку парчиња кои сочинуваат еден комплет, како маици, поткошула, зимска јакна, џемпер, чорапи и слично. Па така, освен што е очигледно дека на новите униформи недостасува името на нашата татковина, очигледно е дека тајмингот за делење на униформите е само предизборен трик, бидејќи се делат на еден ден пред почетокот на изборната кампања, а истите тие униформи стоеја во магацини веќе подолго време. Но, освен за униформите, еве да прашам за неколку други состојби во АРМ, кои селективно се изоставуваат од бледите прес-конференции:
📍 Како се дозволи да се појави шуга во касарната во Велес
📍Што стана со истрагата за ешерихија коли во водата во касарната во Штип
📍Што се презема во врска со значителното зголемување на бројот на заразени војници со COVID-19, и појавата на голем број позитивни лица во касарните „Гоце Делчев“ и „Илинден“, но и во Генералштабот и во Министерството за одбрана
📍До каде е комплетирањето на набавката на чизми за војниците, бидејќи при првата набавка немаше доволно за сите
📍Зошто го уништивте Полкот за специјални операции
📍Зошто ги трансформиравте тенковските и артилериските единици
Оваа низа на прашања може да продолжи уште многу, но за сега ќе застанам овде. Припадниците на АРМ се наши херои и се во првите редови на одбраната на татковината и на нејзиното достоинство. Јас, како поранешен припадник и офицер на АРМ, ќе се залагам за достоинствен третман на нашите војници, и секогаш кога им се нанесува неправда, ќе реагирам и ќе ја кажувам вистината.


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*