Проф. Нацев: Mинистерката за одбрана ќе има во суштина поголеми овластувањата од Началникот на Генералштаб


Промените кои се предвидени во најновиот Предлог Закон за служба во Армијата на Република Македонија дополнително ја уништуваат и дерогираат и така кревката улога на Армијата и водат кон тотална политизација на воената професија, со што се остава многу простор за злоупотреби, манипулации и партиски пресметки.

Имено, како никогаш до сега, му се даваат огромни овластувања на министерот за одбрана, на сметка на овластувањата на Началникот на Генералштаб и на останатите високи офицери. Според новите законски одредби, министерката за одбрана сака максимално да си ги прошири своите ингеренции, со тоа што ќе има во суштина поголеми овластувањата од Началникот на Генералштаб. Според новиот закон, министерката ќе може да поставува и лица со чин понизок од предвиденото (на пример потполковник) на места за кои е предвиден чин полковник, со што всушност му се одзема уште една ингеренција на Началникот на Генералштабот во водењето на кадровската политика (ваквата промена доаѓа во момент кога со новата формација многу поголем број на формациски места во Генералштабот се предвидува да се пополнат со офицери со чин полковник, што значи дека министерот за одбрана ќе му ги одредува најголемиот број на старешини на Началникот на Генералштаб).

Да биде работата уште пострашна, ваквата ситуација ќе се однесува и на поставувањето на старешини во командните структури во НАТО, со што министерката ќе ја има во потполност целата ингеренција и над воениот дел во НАТО. Се поставува прашање дали министерката за одбрана како партиска личност (и заменик претседател на СДСМ) на овој начин не навлегува длабоко и во командувањето со Армијата на Република Македонија, при што се зголемува и можноста за кадровско манипулирање и партиски пресметки.


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]