Проф. Нацев: Дали после „Лавовите“ и „Волците“, на ред сега дојдоа и „Тигрите“?


По расформирањето на специјалните сили на Армијата, изгледа на ред дојдоа и специјалните сили на Полицијата!!! Со секој изминат ден погласни се информациите кои велат дека Владата на Заев и на Спасовски планира да удри по Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и да се расформираат одредени компоненти на оваа Единица, а вишокот припадници да се дисперзираат по Секторите за внатрешни работи, Единиците за Јавен ред и мир и да се користат како обезбедување на банкови пратки, а оклопната чета да не постои поради наводна некомпатибилност на оклопните возила со некои замислени стандарди на Спасовски. Поучени од ваквата ситуација во ЕБР, и специјалците од Единицата за специјални задачи „Тигар“ чувствуваат дека тие се следни, па околу 30% од припадниците на оваа единица се со барање за префрлување во друга единица, боледување, но и огромен број барања за неплатен одмор, кои не се одобруваат од командантите и воопшто не се проследуваат до повисоките старешини. Дали после „Лавовите“ и „Волците“, на ред сега дојдоа и „Тигрите“?


ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]