Проф. Љубомир Цуцуловски: Нема дно – и натаму се` тоне


НЕМА ДНО – И НАТАМУ СЀ ТОНЕ. Германија ка’о, демек, попушти. Франција ка’о, демек, е на пат да попушти. За Белгија и Холандија засега се молчи. Меѓутоа, „братска“ Бугарија, кога сѐ „добро“ тргна, повторно го крева гласот. Можела, според нивниот државен врв, да прави проблеми за македонскиот влез во ЕУ, бидејќи нечии ставови можеле да доведат до братоубиствени судири/војни. Свесни ли се бугарските политичари што значи братоубиствена војна? Во принцип, тоа е војна меѓу припадниците на ист народ. Значи ли дека Бугарија повторно ја заживува тезата „един народ, две држави“ и умее ли некој од нив да објасни што мислат кога тврдат дека нема на некои Македонци (според нив, македонисти) да им дозволат да го загрозат бугарскиот јазик? Односно, може ли некој да каже како може македонскиот јазик да го загрози бугарскиот јазик? И, свесна ли се членовите на македонската Комисија за доброседски односи со Бугарија во што учествуваат? Свесни ли се дека историјата работи темелно и не заборава?


 

Во целиов овој хаос се јавува извесен универзитетски професор, кој штотуку заминува во пензија, и гласно крикнува за хаосот кој доминирал во Македонија и во образованието. Може ли овој професор – дали ми е и колега, не сум сигурен – може да каже како досега гледал на Преспанскиот договор, на Договорот со Бугарија, дали спроведувл тестви, наместо испити или постапувал според упатствата (дадени од државата) како треба да се спроведуваат испитите? Јас, на пример, никогаш не спроведов тест, макар што тоа и мене ми беше наложено, кога стапи во сила т.н. ЕКТС систем. П.С. Името на професорот, кој оди во пензија, мислам му беше Илија Ацески.