Проф. Котлар: Одбележувањето на празникот во чест на светите браќа Кирил и Методиј – 24 Мај е значајно


Одбележувањето на празникот во чест на светите браќа Кирил и Методиј – 24 Мај е значајно, бидејќи на тој начин оддаваме почит кон нивната севкупна мисионерска и културна работа. За нас, Македонците, солунските браќа се важни како основачи на првата словенска азбука – глаголицата, како учители и просветители. Во основата на глаголицата тие ги поставиле јужномакедонските говори од околината на градот Солун.

Исто така, во неа било вградено и стекнатото искуството на Методиј, а потоа и на Кирил, при управувањето на Стримонската склавинија – „словенско кнежевство“. Биле составени и повеќе „книги на словенски јазик“, а во христијанска вера воведени многу луѓе (Краткото Кирилово житие). Иако оваа мисија на браќата, позната како Брегалничка, не била доволна за да се спречи пробивот на Бугарите во македонските источни делови, а нивната дејност била прекината, сепак нивното наследство ќе оживее во текот на последните децении од IX и во почетокот на X век, благодарение на дејноста на нивните ученици Климент и Наум. Тие, напуштајќи ја Моравија, развиле широка духовна и културно-просветителска дејност во родната земја, која во актуелниот момент се наоѓала под бугарска власт. Независно од тоа, Климент и Наум од градот Охрид и неговата околина создале средиште на словенското просветителство и христијанство – познатата Охридска книжевна школа, во која се образовале околу 3500 ученици.

Оваа високообразовна школа, прва во словенскиот свет, доследно се придржувала до изворната кирилометодиевска традиција, употребувајќи ја глаголската азбука во писменото општење. Во однос на сесловенскиот атрибут на мисионерската дејност на браќата Кирил и Методиј, клучна е нивната работа што ја реализирале во словенското кнежевство Моравија, почнувајќи ја во 863 г. Оваа мисија е важна за сите словенски народи и е опишана во познатата папска енциклика „Grande Munus“ (1880). На 30 септември 1880 г. папатa Леон XIII го објавил споменатото писмо со кое го вовел чествувањето на светите Кирил и Методиј во целата Католичка црква, заради нивното ширење на христијанското учење среде словенските народи и нивното описменување. Во ова папско писмо, од повеќето податоци за мисионерската работа на браќата, впечаток прави досегот на нивната дејност – Моравија, Бохемија, Панонија, Босна, Галиција сè до Киев и Московското кнежевство опфаќајќи ги „Либурните, Србите, Панонците, Бугарите, Далматинците, Карантанците“, накратко од Словачка до Украина и Русија, како и целиот словенски Балкан. Севкупната мисионерска и културна работа на браќата Кирил и Методиј, родум од Солун (Тесалоника) – „прв град на Македонците“ им ги донела именувањата и епитетите „Еднакви на Апостолите“, „Апостоли на Словените“ и „Заштитници на Европа“. Почетокот на Моравската мисија, 24 мај (11 мај по стар стил), во XI век Црквата го прогласила, за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Овој датум во чест на светите браќа Кирил и Методиј и основачи на првата словенска азбука е државен македонски празник.
Нека е честит!


Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]

Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]