Проф. Котлар: Најново од циркусот „Медрано“, алијас северно МНР!


Најново од циркусот „Медрано“, алијас северно МНР! Ќе формирале Секретаријат што ќе ја помагал работата на македонскиот дел од Историската комисија, која и не треба да постои! Да не е трагично, би било пресмешно! Ој, ти пиле академику и другите пилиња, воопшто не сте чуле за научни институти, факултети!

 

 

Па, на еден од нив, најстариот научен институт – Институтот за национална историја (ИНИ), токму ТИ, копретседателу на Комисијата (возвишена), ТИ академику – Драги Ѓоргиев си директор. Амнезија ли е или незнаење дека (ИНИ и другите научни институти) се од национална и стратешка важност, заради научната дејност за македонската држава!?

Во тој институт и во другите научни и образовни институции се создава научниот капацитет и продукција за да се подготвувате како комисисти (кога веќе постоите како такви) и за да знаете како да настапувате, научно. Ама политичката работа е попривлечна, материјално и нематеријално, затоа удри-мавај и рушите ги институциите, избришете ги да не постојат, апстрахирајте ги луѓето-творци и доблесни на научната работа!