Проф. Котлар: Mногу нешта што ни се случуваат во последниве години се резултат на недоволна укост и на ароганција


Mногу нешта што ни се случуваат во последниве неколку години, а го засегаат македонското историско минато, јазик и народносна посебност, се резултат на недоволна укост и на ароганција. Оваа взаемност, честопати ја емитуваат токму оние кои се и најповикани да се грижат за македонските националните вредности. Како и да е, нашата историска оставнина памети легендарни борци, херојски подвизи, револуционерни настани, прекрасни ликови.

Меѓу нив е и Антон Попов (1915-1942) национален деец, поет, раскажувач, ноивинар, член на Македонскиот литературен кружок (МЛК) во Софија, близок соработник и сострадалник на поетот и револуционер Н.Ј.Вапцаров . Во 1939 г. размислувајќи на теми, кои и денес се актуелни, го истакнал следново: „Постои ли македонска нација? Кои се нејзините елементи и белези? Каде треба да го бараме нејзиниот почеток и породување?… Македонија одново е објект на сметки за победа и преподелба и, спрема тоа толку повеќе се наложува изјаснувањето, како на тоа прашање, така и на сите други прашања на нашето национално-револуционерно движење.

При тоа, прашањето за македонската нација доби уште поголема содржина по излегувањето на неколкуте македонски стихозбирки на македонски јазик од В. Марковски, К. Неделковски, К. Рацин, коишто го поставија прашањето за македонскиот литературен јазик. И од тоа следува – и македонски национален јазик, различен од другите славјански јазици по строеж и форми. При тие околности околу Македонија и македонското прашање, восприемањето или одрекувањето на идејата за македонската нација се оцртува како пробен камен за Македонците и нивната ориентација, за политичкиот пат којшто треба да се следи, затоа што тоа прашање единствено сега може да легне во основата на лозунгот за слободна и независна Македонија.“
[Македонскиот литературен кружок. Софија 1938-1941. Документи. Избор, превод, редакција и белешки д-р Васил Тоциновски, Скопје, 1995, 56-57.]

Вести

Кандидатот за еврокомесар за проширување на тест пред европратениците

Оливер Вархелји, кандидатот за комесар за проширување утрово три часа ќе биде сослушуван од европратениците во комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент. Унгарскиот кандидат за комесар беше номиниран откако европратениците го отфрлија првиот предлог […]

Вести

Американски државјанин со арапско потекло веќе трет ден заглавен во неутралната зона на грчко – турската граница

Веќе трет ден, американски државјанин со арапско потекло се наоѓа во неутралната зона меѓу Грција и Турција кај Еврос, бидејќи не може да влезе ниту во едната, ниту во другата земја, јави дописничката на МИА […]

Вести

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.   […]