Проф. Котлар: Кој си Ти човеку да ги гребеш нашите души слободарски, илинденски, партизански, родољубиви?


Каков бескрупулозен лик! Каков вкрстен, сплотен и заеднички настап, емитуван во етерот! Врвен резил од празни зборови и неукост! Недоличност и ароганција на северниот премиер! Барем некој да го подучеше, барем некој комисист!



Кој си Ти човеку да ја газиш и срамиш нашата историска содржина? ТAA, не e Твоја лична сопственост!
Кој си Ти човеку да нè братимиш со оној кој не нè признава и негира?
Кој си Ти човеку што го гнасиш јазикот македонски со лош говор и неписменост?
Кој си Ти човеку да ги гребеш нашите души слободарски, илинденски, партизански, родољубиви?
Кој си Ти човеку да го рушиш асномскиот темел на македонскиот народ и држава?
Можеби си некаков политички авторитет во твоето северно маало, но нам, на Македонците не ни треба гнет. Затоа, на крајот, вапцаровски ќе Ти порачам: „за сè ќе ѝ раскажеме на мајката историја“!