Проф. Каракамишева: Граѓаните на референдумот од 30.09. не ја дозволија ниту промената на уставното име Северна Македонија…

1. Граѓаните на референдумот од 30.09. не ја дозволија ниту промената на уставното име Северна Македонија, ниту го прифатија Преспанскиот договор. Одродената власт, преку заобиколување на граѓанската волја, продолжи да си ја тера зацртаната агенда во Владата па во Собранието. Видовме како беа донесени уставните амандмани, видовме политичка и лична дрскост каква што Македонската политика не памети до сега.

2. И покрај неуспешниот референдум, власта не ја запре забревтаната машинерија во практикувањето на политичкото насилство.

3. Прашајте се вие што мене ме прашувате дали мислите дека оваа авторитарна власт која целосно го има окупирано системот, сите институции, државни и локални органи, власт која е најпозната по криминали, по изборни криминали, по корупција, по убиства, по матни тендери, власт која најмалку ја интересира граѓанинот и неговите егзистенцијални интереси, прашајте се дали оваа власт која нема решено ниту еден кривичен предмет за полнењето на кутиите на референдумот и на локалните избори, за бугарски возови, за изборен поткуп, токму сега ќе се смилува на вашите прес-конференциски повици за одржување на фер и демократски избори и ќе дозволи да победи најдобриот кандидат? Ако така мислите или вие сте наивни и залутани во политиката, или имате некои други материјални или други лични интереси па ги убедувате граѓаните. Јас прво никого не убедувам, ниту разубедувам. Мојот став е мое право, и моето не гласање е исто така мое лично право. Секој што ми ампутира ваква активност нека се размисли што пишува и што говори, бидејќи граѓаните не се малолетни деца па некој да ги заведува што и како да прават, дали да гласаат, или да не гласаат. Тоа што некому не му излегува есапот на маса со есапот на терен не е мој проблем и нема да дозволам да ми го припишувате, или подобро лепите како мој проблем. Зошто народот веќе не верува на партиите не треба да се чудите. Толку многу прокоцкани шанси, толку многу прокоцкана доверба не знам дали некој воопшто добил. Вината е подеднаква на сите партии. Нема поголем или помал непријател кога го изгубивме најсветото, кога го прокоцкавте она што ни на сон не смееше да се чепне. Ама за вас изгледа ништо не е свето! Само фотељите и тендерите го вртат вашиот ум!

4. Во однос на комичните предлози да се шкртаат гласачките ливчиња имам само едно нешто да кажам, и шкртнатите ливчиња исто како и важечките се ставаат на контото на делегитимирањето на референдумот. Јасно е како бел ден која е целта на власта со овие избори. Целта е што повеќе излезени гласачи за поголемо понижување на референдумот од 30.09.Ако тогаш не успеаа да не домкнат на кутии сега преку разни убедувања на граѓаните целта е само една -да има голема излезност за да си ги исперат рацете од ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО! Јас во таква смислена игра чија што цел е апла видлива не учествувам.

5. Во однос на плашењето на граѓаните дека пратеникот Таљат ќе бил в.д. претседател не ја разбирам паниката и сеењето омраза. Прво, согласно со Уставот Таљат во случај да не се избере претседател на наредните избори ќе мора да распише нови претседателски избори многу брзо. Ако власта одлучи да прави уставни измени таа може тоа да го прави кога ќе посака (како што гледаме име ни избришаа, идентитет ни сменија, историја ни бришат). Да не се заборави дека од другата страна во случај да има победник на изборите, новиот претседател веднаш да му биде изгласан импичмент. И во таков случај повторно да го имаме вечниот Таљат. Оваа опција власта секогаш ја имала во раце. Меѓу двете одлуки, првата да распише нови избори и втората да почне постапка за промена на Уставот власта ќе треба да одбере, да, но при тоа не смее да се заборави дека оваа власг нема вечно да биде власт. Ќе треба да размислат неколку пати како евентуално новите решенија ќе им се одразат кога тие ќе бидат во опозиција. Од друга страна да не правиме плашило од ништо. Да не заборавиме дека сите партии кога беа на власт тактизираа со политиката на избор на претседателот на Републиката во Собрание и никогаш не се кревала некаква посебна галама. Јас ќе се навратам на мојата неколку пати изнесена теза дека Таљат ги потпиша сите акти до сега. Таљат е нелегален претседател на Собрание и во некое идно време кога ќе дојде до драстична промена на власта сите тие акти ќе бидат ПОНИШТЕНИ.

6. Да резимирам. Зошто не гласам?
Прво, затоа што не сакам со мојот глас да го фрлам во вода референдумот од 30.09 бидејќи тоа е клучната цел на сценаристот.
Второ, за да се излезе на избори треба да постојат елементарни услови за фер натпревар кои во државата не ги гледам. Нема независна изборна администрација, нема полиција во служба на граѓаните, нема независни медиуми, има обвинители и судии кои ја работат својата работа под диктат на СДС и ДУИ, има многу криминал, многу оружје, многу мафија.
Трето, одговорот на опозицијата за продаденото име, идентитет, историја го гледаме преку секојдневни пресконференции на кои се констатираат факти, но не се нудат одговори. Нема никаков активизам, никаков револт, никаква насока за покажување вистинска огорченост од она што ми се случува и од актуелните политики. Наместо тоа, гледаме млаки констатации и досадни фрази.
Четврто, народот веќе не сака да биде жртва, Доста жртви носеше на свој грб. Или партиите ќе се свестат и ќе понудат излез од ова лудило кое не мачи сите нас, или мојот глас веќе не го давам зијан. Излез од лудилото за жал не се претседателските избори.
КОГА ЌЕ СЕ ДОБИЕ ПОДДРШКА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ЗАЕДНО ЌЕ ГО ПИШАМ МОЈОТ СТАВ ШТО ПОНАТАМУ.

СО 28 ГОДИШНАТА ПОЛИТИКА НА СИМНИ СЕ КУРТО ЗА ДА ДОЈДЕ МУРТО, НА ШТЕТА НА ДРЖАВАТА ОЧИГЛЕДНО МОРА ДА РАСЧИСТИМЕ, ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ!

ПОТРЕБЕН Е КОМПЛЕТЕН РЕСЕТ НА СИСТЕМОТ И НА ВРЕДНОСТИТЕ!


Вести

Песков: Путин и Ким ќе се сретнат до крајот на месецот

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се сретнат до крајот на месецот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека не може да го каже точниот датум на средбата. […]

Вести

ТНТ: Сведочење на професорот Арсовски од Архитектонскиот факултет

Со сведочење на професорот на Архитектонскиот факултет во Скопје Владимир Арсовски, а со мало задоцнување, почна рочиштето за предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Професорот Арсовски одговара на прашања […]

Вести

Вториот ден на Велигден 29 април неработен за сите граѓани

Вториот ден на Велигден, според православниот календар, 29 април 2019 година, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Министерството во исто време, на граѓаните од православна […]